Најголемата санта мраз од Антарктикот се отцепи: Долга е скоро колку македонско-бугарската граница

Се отцепи најголемата санта мраз од Антарктикот, 80 пати поголема од Менхетн, Њујорк. Сантата мраз се отцепи во морето Ведел, известија од Европската вселенска агенција, соопшти во средата Европската вселенска агенција (ЕСА), пренесе Си-Ен-Ен.

Таа е покуса само за три километри од македонско-бугарската граница, должината на сантата иснесува околу 170 километри, а широка е 25 километри и со тоа е малку поголема од шпанскиот остров Мајорка. објави Си-ен-ен.

Научниците не сметаат дека отцепувањето на оваа санта мраз е последица на климатските промени, туку дека е дел од природниот процес на расцепување на мразот во регионот. Кога ќе се стопи, новата санта мраз нема да го покачи нивото на морето бидејќи била дел од тенок мраз што плови.

Отцепувањето прв го забележал океанографот Кит Мекинсон минатата недела, а тоа подоцна било потврдено од американскиот Национален центар за мраз.

Сантата мраз е именувана – А-76.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот