Најдобрите македонски ракометарки ремизираа со Италија – Слободен печат
РакометСпорт

Најдобрите македонски ракометарки ремизираа со Италија

На првиот контролен меч после првите 30 минути бевме во негатива, но на крајот успеавме да се вратиме и избегнеме пораз.

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија денеска на стартот од меѓународниот пријателски турнир во Анталија одиграа реми 29:29.

Иако после првото полувреме избраничките на селекторот Симе Симовски беа во негатива (13:16), во вториот дел успеаја да се вратат и го избегнат поразот.

На меѓународниот турнир нашата сениорската репрезентација ќе одигра натпревари против репрезентациите на Италија, Турција (B), Турција (А), и Косово.

Според најавите в сабота се очекува нашата селекција да одигра два натпревари, најпрвин во 11.30 часот против Б тимот на Турција, а од 17.00 часот и против турската А репрезентација.

В недела на последниот дуел Македонија од 17.00 часот ќе ги одмери силите против Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close