Најдобрите македонски ракометари денеска ќе играат контролен меч против Египет

Ковид-проблеми во македонската ракометна репрезентација непосредно пред стартот на ЕП 2022/Фото: macedoniahandball.com.mk

Денеска најдобрата македонска репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров од 18.00 часот ќе го игра првиот од двата пријателски натпревар во Каиро против селекцијата на Египет. Во истиот термин ќе се игра и вториот меч в сабота, 6 ноември.

Овие мечеви ќе служат како подготовка за настапот на Европското првенство 2022 каде што сме во група со Словенците, Црногорците и Данците.

За овој двомеч Лазаров ќе има на располагање вкупно 19 репрезентативци меѓу нив нема да биде Стојанче Стоилов, а помеѓу стандардните во националниот тим ќе недостасува пикерот Стојанче Стоилов поради повреда.

Египќаните имаат добра селекција предводена од екс тренерот на Вардар 1961, Роберто Гарсија Парондо и сигурно ќе биде добар тест за „црвено-жолтите“ за проверка на силите.

Египет го освои четвртото место на последните Летни Олимписки игри кои се одржаа годинава во Токио.

Се очекува Лазаров да им даде шанса на сите играчи: Никола Митревски, Мартин Томовски, Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот