Најдобриот играч во Евролигата не оди во НБА, потпиша нов договор со Ефес

twitter/Turkish Airlines EuroLeague

Шејн Ларкин останува во турскиот тим, пренесува Еурохупс.

Според изворите на Еурохупс, најдобриот кошаркар во Евролигата потпиша двегодишен договор со Анадолу Ефес.

Ларкин кој на почетокот од оваа сезона доби и турски пасош, во договорот има клаузула која му овозможува наредното лето да си замине од Ефес доколку пристигне добра понуда од НБА лигата.

Одличниот бек за новиот потпис ќе добие вкупно 7.7 милиони долари, во првата година ќе инкасира 3.7 милиони долари, а доколку остане и во втората ќе заработи четири милиони долари.

Шејн Ларкин беше најдобар играч на Ефес и оваа сезона, просечно постигнуваше по 22 поени и имаше уште и четири асистенции и три скока на 25 натпревари во Евролигата.

Со овој потег Ларкин покажа дека нема намера да се враќа во НБА лигата доколку не добие поголема улога.
– Нема да се вратам во НБА за да бидам трет плејмејкер. Доколку некоја екипа е заинтересирана за мене, подобро да не се јавува доколку ми понуди вакво нешто – изјави Ларкин пред неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот