Најдобри намирници кои ги чистат белите дробови од никотин

Научниците објавија листа на намирници кои ги чистат белите дробови од никотин, и воопшто од штетните материи кои ги содржи цигарата. Од тие намирници ги издвојуваат најделотворните 5.

Ако сте пушач, вклучете ги овие намирници и суплементи во вашето секојдневно мени, и тоа во убава доза.

Кромид

Најделотворна намирница за прочистување на белите дробови. Подеднакво дејство има и лукот.

Селен

Станува збор за минерал кој се користи како додаток во исхраната или се наоѓа во трагови во одредени намирници. Ензимот кој произведува витамин Е ја стимулира и ја зајакнува белодробната мембрана.

Ѓумбир

Делува антисептички и антибакериски, помага на бронхијалните клетки во исфрлање на наталожените штетни материи.

Грејпфрут

Го намалува проширувањето на клетките на рак во телото, содржи многу антиоксиданси и познат е како ефикасен „играч“ во борбата против ракот.

Целер

Секористи во разни салати и јадења, но најдобро е да се конзумира свеж. Поради високото ниво на витамин Е кој го содржи во себе, со конзумирање на целер ја стимулираме и зајакнуваме белодробната мембрана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот