Најава за отворање на 10.000 работни места: „Гугл“ ќе инвестира над седум милијарди долари во САД

Над седум милијарди долари ќе инвестира компанијата „Гугл“ во недвижнини ширум САД во 2021 година, со цел да ја прошири мрежата на филијали и центри за податоци во 19 сојузни американски држави.

Во соопштението на „Гугл“ се вели дека една милијарда долари од вкупната сума ќе бидат насочени само кон проширување во Калифорнија и дека целиот план ќе овозможи создавање на најмалку 10.000 работни места со полно работно време.

„Алфабет“, матична компанија на „Гугл“, минатата година паузираше со трошоци за недвижнини поради пандемијата и првиот годишен пад на приходите на компанијата во вториот квартал на 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот