Наградата „Гоцева мисла“ за Ристо Лазаров, Ненад Шапоња и Родољуб Ќориќ

Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава им се доделува на Ристо Лазаров (Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и на Родољуб Ќориќ (Црна Гора).

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Доделувањето е во рамките на Фестивалот на чајот и читањето, а досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Англија-Франција), Зафир Хаџиманов (Македонија-Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија) и Ана Багрјана (Украина), известија од фондацијата „Македонија презент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот