НАГРАДА: САД дава 10 милиони долари на оној што ќе помогне во откривање на финансирањето на Хезболах

фото EPA-EFE/NABIL MOUNZER

САД синоќа распишаа награда во износ од 10 милиони американски долари за веродостојна информација што би можела да помогне во откривање на изворите на финансирање на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах).

Наградата е во рамки на програмата „Награда за правда” на американскиот Стејт департмент.

Распишувањето на наградата доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу САД и Иран, кој се главен поддржувач на Хезболах.

Влијанието на Хезболах последниве години значително зајакна во Владата на Либан, но и во регионот на Блискиот Исток, имајќи предвид дека припадници на групата се вклучени во конфликтот во Сирија, борејќи се на страната на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот