Цената на нафтата расте откако Украина ги нападна руските рафинерии, Москва нареди намалување на производството

photo: Reuters

Фјучерсите на сурова нафта пораснаа на почетокот од неделава бидејќи нападите со украински беспилотни летала го нарушија рускиот капацитет за рафинирање и Москва нареди намалување на производството за да се исполнат целите на ОПЕК +, пренесува „CNBC“.

Договорот за мај се зголеми за 1,32 долари или 1,64%, за да се заокружи на 81,95 долари за барел. Брент

Русија им нареди на компаниите да го намалат производството на нафта за да ги исполнат обврските на Москва кон ОПЕК +, изјавија извори од индустријата за „Ројтерс“ во понеделникот.

Неколку земји од ОПЕК + се согласија на доброволно намалување на производството во вкупна вредност од 2,2 милиони барели дневно до вториот квартал.

Украински напад со дрон предизвика пожар во нафтената рафинерија Куибишев во градот Самара за време на викендот.

Извори од индустријата за Ројтерс велат дека една од главните рафинерски единици во објектот била „нокаутирана“ по нападот.

Киев започна кампања со удари против руската енергетска инфраструктура од почетокот на годината, а украинските разузнавачи тврдат дека десетина објекти биле успешно погодени.

Најмалку 10% од рускиот капацитет за рафинирање е нарушен од нападите, се вели во извештаите на британското разузнавање.

„Во зависност од степенот на штетата, поголемите поправки би можеле да потраат значително време и да чинат многу“, соопшти британското Министерство за одбрана во ажурирањето во текот на викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот