Надал загуби сет на Ролан Гарос

EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал во третото коло на Ролан Гарос го загуби првиот сет, но сепак „кралот“ на земјените терени го продолжува атакот на 12. титула на Ролан Гарос.

Надал за неполни три часа игра го победи Давид Гофан со 3:1 во сетови и тоа 6:1,6:3,4:6,6:3. Белгиецот успеа да го добие третиот сет откако направи брејк во деветтиот гем за 5:4 и потоа со сигурен сервис стана првиот тенисер кој на Ролан Гарос, годинава му зеде сет на Надал. Но тоа беше се што стори Гофан, одговорот на Надал дојде експресно со брејк на стартот по кој поведе со 4:1 и мирно го одведе мечот до крајот.

Освен Надал, сигурен настап имаше и Роже Федерер и тоа на јубилејниот 400. настап на Гран слем турнирите. Федерер во три сета со 6:3,6:1,7:6 за два часа и 13 минути го победи Норвежанецот Каспер Руд и се пласира во осминафиналето.

Кај дамите, поранешната победничка на Ролан Гарос, Гарбине Мугуруза во два сета со 6:3,6:3 ја победи Елена Свитолина, додека Лесиа Цуренко во маратонски меч кој се играше два дена беше поуспешна од Александра Круниќ. Одлучувачкиот трет сет, Цуренко го реши во своја корист со 11:9, откако првите два завршија со идентични 7:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот