Над 6,6 милиони Американци во една недела останаа без работа – коронавирусот удри врз економијата

ФОТО: EPA / Justin Lane

Објавено е исто така дека во четвртокот рекорден број луѓе се појавиле, барајќи бенефиции, откако изгубиле работа на 27 март.

Над 6,65 милиони луѓе во Америка поднесоа минатата недела поднесоа барања за помош за невработени откако добиле отказ. Последните официјални податоци укажуваат на поразителното влијание на коронавирусот врз американската економија.

Во извештаите се наведуваат описи на долги редици пред канцелариите за невработени и константното оптоварување на телефонските линии од граѓани кои бараат информации поради невработеност. Пријавени се проблеми и на видео – повиците.

Објавено е исто така дека во четвртокот рекорден број луѓе се појавиле, барајќи бенефиции, откако изгубиле работа на 27 март.

Околу 3,28 милиони се пријавиле дека се невработени во неделата пред оваа, со што вкупната побарувачка на бенефиции изнесуваше 9,93 милиони во текот на две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот