Над 18 илјади крави загинале во пожар на фарма во Тексас

Приближно 18.000 крави загинаа во експлозија на фарма за млеко во Тексас во близина на градот Димит. Во експлозијата е повредено и едно лице, кое моментално е во критична состојба. Властите веруваат дека машините во централата можеби го запалиле метанот.

Канцеларијата на шерифот на округот Кастро соопшти дека добиле пријава за пожар на фарма во понеделникот во 19:21 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот објави фотографии на кои се гледа огромен облак црн чад над фармата. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата и итната помош затекнале затрупано лице, кое го спасиле и го пренеле во болница.

Иако точниот број на убиени крави во пожарот и чадот останува непознат, од канцеларијата на шерифот за Би-Би-Си изјавиле дека „се проценува дека се изгубени околу 18.000 говеда“. Шерифот Сал Ривера изјави за локалните медиуми дека поголемиот дел од добитокот угинал кога пожарот се проширил на областа каде што биле чувани кравите пред да бидат однесени во областа за молзење, а потоа во шталата.

„Некои крави преживеаја. Некои се толку повредени што ќе мора да бидат убиени“, додаде тој. Ривера потврди дека истражителите веруваат дека пожарот се проширил од машина „која цица ѓубриво и вода“. „Можеби (машината) се прегреала и веројатно метанот и такви работи се запалиле, се прошириле и експлодирале“, забележа тој.

Институтот за благосостојба на животните (АВИ) со седиште во Вашингтон во соопштение рече дека – доколку се потврди – бројот на смртни случаи на 18.000 крави би бил убедливо најсмртоносниот пожар во штала во кој учествувале добиток откако почнале да водат статистика во 2013 година.

„Се надеваме дека индустријата ќе остане фокусирана на ова прашање и силно ќе ги охрабри фармите да усвојат здрави разумни мерки за заштита од пожари. Тешко е да се замисли нешто полошо од тоа да биде жив запален“, рече Али Гренџер, соработник за политика на програмата за добиток на АВИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот