Над 134 милиони заразени од коронавирус во светот, речиси 3 милиони починати

Од почетокот на пандемијата во светот се забележани повеќе од 134 милиони случаи на коронавирус, од кои моментално се активни над 23 милиони, покажуваат најновите податоци на сајтот „Ворлдметерс“.

Како што е објавено таму, досега од коронавирус заболеле 134.074.138 луѓе ширум светот, а 2.906.666 починаа, а 108.055.707 се опоравија од болеста.

Во светот во моментов се активни 23.111.765 случаи, а 0,4 отсто од заболените, поточно 100.974, се наоѓаат во тешка или критична состојба.

САД и натаму предничат по бројот на заболени и починати со 31.651.628 заразени и 573.045 смртни случаи.

На второ место по бројот на заболени е Бразил со 13.197.031 заразени, а на трето место Индија со  13.045.065 заболени, додека останатите земји имаа помалку од пет милиони регистрирани случаи на коронавирус.

Што се однесува до починатите на второ место во светот е Бразил со  341.097 смртни случаи, а на трето Мексико со 205.598 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот