На спиење се уапсени осум бегалци од правдата

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

МВР извести дека рано утринава на осум различни локации во регионот на Прилеп се уапсени осум лица за кои што Основниот суд од Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните казнено поправни установи. Утринава се уапсени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци, Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна затвор, А.А. (37) осудена на седуммесечна казна затвор, С.М. (37) осуден на едногодишна казна, Б.Г. (37) осуден на седуммесечна казна, О.Е. (42) осуден на шестмесечна казна, Б.Т. (67) осуден ан шестмесечна казна и Ж.В. (43) исто така осуден на шестмесечна казна затвор. Дел од уапсените се спроведени во затворо „Идризово“, а остатокот во прилепскиот затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот