На Шведска и се потребни ИТ работници, а и еве колкави плати им нудат!

Фото:

Во Шведска, како и во многу други земји во светот, последниве години има зголемена побарувачка за работници и професионалци во ИТ секторот.

Работниците во овој сектор можат да заработат околу 44.200 круни или 4.200 евра месечно во Шведска.

Според шведската агенција за статистика, жените во овој сектор заработуваат просечно 43.600 круни месечно, а мажите 44.400.

ИТ професионалците кои завршиле постдипломски студии во оваа област, можат да заработат околу 4.920 евра месечно.

Порталот „The Local“ пишува дека шведската технолошка сцена има недостаток на ИТ професионалци, а програмер е една од професиите што во моментов се најбарани во оваа земја.

Секој шведски државјанин заработува просечно 287.064 круни или 26.581 евра годишно, според Агенцијата за статистика на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот