На Работнички – Струга Трим Лум можат да присуствуваат лица со сертификат за комплетна вакцинација

фото: fkrabotnicki.com

Коронавирусот останува пречка во намерата навивачите повторно во голем број да влегуваат во салите, стадионите, со цел да уживаат, да ја дадат поддршката за својот омилен клуб.

Во македонскиот спорт, во овој случај фудбалот, дозволено е само ограничен број на фанови да присуствуваат на стадионите.

Денеска фудбалскиот клуб Работнички ја информираше јавноста дека лицата кои ќе сакаат да присуствуваат на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје на утрешниот натпревар (18 август, среда) ФК Работнички – Струга Трим Лум од 17.00 часот, ќе мора да покажат сертификат или потврда за комплетна вакцинација или примена најмалку една доза вакцина против ковид-19.

– ФК Работнички, согласно одлуката на Владата за воведување дополнителни рестриктивни мерки при организација на спортски натпревари, информира дека на натпреварот против Струга Трим Лум закажан за утре (среда), со почеток во 17.00 часот, ќе можат да присуствуваат само лица кои ќе покажат сертификат или потврда за комплетна вакцинација или примена најмалку една доза вакцина против ковид-19.

Согласно утврдениот протокол за организација на фудбалски натпревари, дозволено е присуство на навивачи на 30% од капацитетот на стадионот – информираат од ФК Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот