На Криволак целосно уништени убојни средства пронајдени минатата година

Фото: mia.mk

 Целосно е завршено уништувањето на минско–експлозивни, убојни средства и противпешадиска муниција, пронајдени во земјава во изминатите шест месеци. Процесот се заокружи со вчерашното уништувањето, кое како и претходните, се спроведе на воениот полигон Криволак и во присуство на ми министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

-Со ова трето уништување убојни средства спроведено во февруари, завршивме со целосното уништување на овие средства пронајдени во земјава во втората  половина од минатата година. Се уништени над 2000 артилериски гранати и околу 5000 зрна противпешадиска муниција, пронајдена во атарот на струшкото село Франгово, рече Драгољуб Попоски од Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој додаде дека во седумте уништувања спроведени зимава, почнувајќи од декември до денес, уништени се над 15 000 артилериски гранати и околу 5 000 парчиња противпешадиска муниција.

Артилериските гранати во најголем дел се пронајдени во близина на градскиот стадион во Битола и поголема бројка во Струшко, од каде потекнуваат и околу 5000 парчиња  противпешадиска муниција.

-Уништувањето е спроведено со целосно почитување на безбедносните мерки, а при завршниот чин, пиротехничарите се  одалечени на прописно растојание од околу  два километри, како и посматрачите на целата операција, појасни Попоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот