На Јокиќ му недостасуваше асистенција за трипл-дабл

EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Денвер Нагетс им се вратија на победите во НБА лигата откако славеа со 110-99 против ЛА Лејкерс.

Никола Јокиќ повторно беше лидер на својот тим и се најде на чекор до трипл-дабл учинок, проследен со 31 поен, 13 скока и 9 асистенции. Ентони Дејвис беше најрасположен во редовите на тимот од Лос Анџелес со 22 поени, 14 скока и 5 асистенции.

Одлична партија одигра и Бојан Богдановиќ. Хрватот постигна 33 поени и 3 асистенции, но Детроит не успеа да слави против Аталанта (113-118). Гостинскиот состав го предводеше Тре Јанг со 35 поени и 6 асисстенции.

Во останатите натпревари одиграни во НБА:

Кливленд – Орландо 103-92
Милвоки – Бруклин 110-99
Њујорк – Шарлот 134-131
Торонто – Филаделфија 119-109
Чикаго – Индијана 123-109
Минесота – Сан Антонио 134-122
Јута – Хјустон 109-101
Портланд – Мајами 98-119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот