На ГАК се родило бебе позитивно на коронавирусот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На Клиниката на гинекологија се појави прв случај каде се родило новороденче позитивно на коронавирусот, пренесува Телма.

Бебето и мајката се во добра клиничка слика, немаат симптоми на ковид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација.

Кај бебето сите три теста биле позитивни, додека кај мајката првиот тест бил двојбен – позитивен само на еден од двата антигена, вториот негативен, а третиот позитивен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот