На Франција годинава и се заканува најголемата рецесија

Според предвидувањето растот за оваа година би требало да се намали за -3 отсто, но може да биде и полошо, вели министерот за економија Бруно Ле Мер.

Франција најверојатно во 2020 година ќе ја доживее најлошата година на економска рецесија од крајот на Втората светска војна, оцени министерот за економија Бруно Ле Мер на сослушувањето на Комисијата за економски прашања во Сенатот.

-Најлошата бројка за раст што ја имаше Франција од 1945 година, е таа од 2009 година по големата финансиска криза од 2008 година: -2,2 отсто. Ние веројатно ќе бидеме далеку над -2,2 отсто оваа година, рече министерот.

Според предвидувањето растот за оваа година би требало да се намали за -3 отсто, бројка која може да се влоши. Инаку, во моментов 35 отсто од француската економија е запрена со работа, околу 5 милиони работници се на працијална невработеност од вкупно 470 000 претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот