На дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер приведени две лица

Фото: RK Vardar

Вчера во рамките од македонскиот плеј-оф се одигра дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а во овој натпревар биле приведени две лица, едното било од Словенија.

МВР во денешниот билтен информираше дека во одвоени случаи било приведено едно лцие, едното во 18:20, другото во 19:30 часот.

„На 09.04.2024 во 18.20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.Т.(30) од Р.Словенија поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“

„На 09.04.2024 во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“,од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен С.А.(22) од Скопје поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот