На денешен ден е роден Кензо Танге, архитектот кој го изработи првиот урбанистички план за Скопје по страшниот земјотрес

На денешен ден е роден Кензо Танге, јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на ХХ век. ⁣⁣⁣⁣
⁣⁣⁣⁣
Во 1965 година, Танге беше замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот во 1963 година бил 65% разрушен.

Танге се согласил да го изработи планот и добил 60% од средствата предвидени за обновата, додека останатите 40% биле доделени на архитектонскиот тим од СФР Југославија, којшто соучествувал во обновата.

Планот за обнова кој го изработил Танге бил налик на оној за Токио од 1960 година.

За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.

View this post on Instagram

⚡️ На денешен ден е роден Кензо Танге (јапонски: 丹下健三; 4 септември 1913 – 22 март 2005);⁣⁣ ⁣⁣ ? Јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на ХХ век. ⁣⁣⁣⁣ ⁣⁣⁣⁣ ? Во 1965 година, Танге беше замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот во 1963 година бил 65% разрушен. Танге се согласил да го изработи планот и добил 60% од средствата предвидени за обновата, додека останатите 40% биле доделени на архитектонскиот тим од СФР Југославија, којшто соучествувал во обновата. Планот за обнова кој го изработил Танге бил налик на оној за Токио од 1960 година. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот