На денешен ден – 28 август

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1929. Рударите од рудникот Лојане, кумановско стапиле во штрајк. Нивните барања биле подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите во Македонија. На овој ден во сите македонски рудници се организираат прослави и свечености.

1968. Починал Антон Панов, истакант македонски драмски писател. Од родниот Дојран во 1923 година со семејството се сели во Белград, каде учел во 3-та машка гимназија, која ја напуштил поради спор со еден од професорите и приватно полагал испити. Во 1933 година ја напишал првата драма која од Народниот театар во Белград ја одбиле, а режисерот подоцна ја поставил на сцената од Скопскиот театар. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик, во време кога била забранета неговата употреба. Првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 година.

1977. Роден е Тодор Гечевски, поранешен македонски кошаркар и член на Македонската кошаркарска репрезентација и актуелен директор на Кошаркарската федерација на Македонија. Од 2005 до 2009 година беше прогласен за најдобар македонски интернационалец, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играше на позиција центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот