На 17 јуни се решава судбината на натпреварувањата во Европа

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Извршниот одбор на УЕФА на 17 јуни ќе одржи состанок на кој ќе биде решена судбината на Лигата на шампионите, Лигата на Европа но и за натпреварувањето кое на нас ни е најважно, Лигата на нации.

Натпреварувањата се прекинати од средината на март поради пандемијата на коронавирусот.

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на Националната Арена „Тодор Проески“ требаше да игра против Косово во полуфиналето од Лигата на нациите за местото кое носи на Европското првенство кое пак е одложено за наредната година.

Во центарот на внииманието на состанокот ќе биде и завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за кои се шпекулира дека ќе се одиграат во забрзан формат во август.

Финалето во ЛШ требаше да се одигра во Истанбул, а тоа во ЛЕ во Гдањкс, но минатиот месец УЕФА објави дека разгледува неколку опции за овие натпреварувања, а тоа би значело и промена на форматот.

Шпекулациите се дека завршницата би се играла во еден град со завршни турнири, а како фаворит фигурира главниот град на Поругалија, Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот