МЖ Транспорт тестира електрична локомотива

Националниот оператор МЖ Транспорт ја тестира првата од четирите електрични локомотиви на „CRRC Zhuzhou“ која има за цел да превезува товар на коридорот север-југ меѓу српската и грчката граница.

Нарачката од 8 милиони евра потпишана во јануари 2017 година беше финансирана со дел од заемот од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Операторот првично планира да купи три локомотиви за да ги замени дотраените на електрични локомотиви ASEA/Раде Кончар наследени од Југославија, но додаде четири за време на преговорите.

Означената локомотива „Class 443“, има „Bo-Bo“ дизајн и е од 25 kV 50 Hz со максимална брзина од 120 km/h и се очекува да може да влече вагони до 1.600 тони. Исто така, се очекува да биде првата кинеска електрична локомотива која ќе биде сертифициран како „TSI“.

Во 2015 година МЖТ изврши нарачка на два „EMUs“ локомотиви и четири нарачки на „DMU“ од „CRRC“, чија цена е 25 милиони евра, делумно финансирани од заем од ЕБОР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот