МВР: Забрана за собирања на отворен и во затворен простор за време на празниците

Фото: mia.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека е забранета организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и на собирања на отворен и во затворен простор на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември во 2020 година до 21 јануари во 2021 година.

Од МВР информираат дека забраната е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година).

– Во насока на доследно и на целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса  [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот