Фото: Инфомакс / скриншот

МВР за грабежот во Гостивар: Разбојниците избегале со пленот во „БМВ“ без таблички

Полицијата се огласи околу вечерашниот вознемирувачки грабеж на златарница во центарот на Гостивар, од кој се појави драматична снимка на која се гледа како бегаат разбојниците вооружени со автоматски пушки.

„Во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв” без регистарски таблички побегнале“, велат од МВР.

Од полицијата велат дека трагаат по разбојниците.

ВИДЕО: Филмски грабеж на златарница во Гостивар, разбојниците со „калашникови“ фрлиле пречки за полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот