МВР го испитува случајот со дивите препродавачи на паркингот на Клинички центар

Ќе се провери дали и кој нелегално наплаќа паркинг во рамките на Клиничкиот цемтар, информира Министерството за внатрешни работи, по објавите дека диви препродавачи на слободни места заработуваат на грбот на граѓаните.

Оттаму воедно додаваат дека ЈП ‘ЈП Градски паркинзи’, во чија надлежност е паркингот нема поднесено пријава, но и покрај тоа тие ќе испитаат дали за одредена сума за возврат одредени лица препродаваат слободно место.

– Во однос на постапувањето на Секторот за внатрешни работи Скопје во овој дел, Ве информираме дека се преземаат мерки за проверка на наводите и идентификување на лица кои нелегално наплаќаат карти во кругот на Клинички центар. Ако се утврди дека ваквите наводи се вистинити, откако ќе бидат идентификувани лицата и се соберат доволно информации, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, одговорија од МВР по написите дека за сума до сто денари добро организирана група на тезгаџии прави профит на сметка на граѓаните, на кои им е неопходна здравствена услуга, но подолг период кружат низ паркингот за да најдат место за своето возило, соопшти МВР.

ВИДЕО: Паркингот на Клинички вратен во нормала, нема трага од „рекетарите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот