Муслиу казнет од УЕФА, но сепак ќе игра против Косово

фото: Драган Митревски

Стандардниот македонски репрезентативец, Висар Муслиу е казнет со два натпревари суспензија поради црвениот картон кој го доби на дуелот со Грузија во Лигата на нации, но сепак ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Косово.

Црвениот картон Муслиу го доби на натпреварот од второто коло од новото издание на Лигата на нации и поради тоа ќе може да настапи на 8. октомври кога Македонија го пречекува Косово во полуфиналниот бараж дуел за пласман на Европското првенство.

Баражот со Косово првично требаше да се игра во март годинава, но поради пандемијата на коронавирусот, тој е одложен за октоври.

Муслиу поради исклучувањето во Тбилиси, нема да настапи на наредните два натпревари на репрезентацијата во Лигата на нации, гостувањето кај Естонија и дуелот со Грузија кој треба да се игра во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот