Муртезани: Сите фирми кои му должат на МЕПСО имаат блокирани сметки, нивните приливи се слеваат кај нас

Орхан Муртезани, директор на МЕПСО/Фото: МИА

Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.

Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка.

-Во случај на флуктуација, ќе имаме можност да интервенираме и да не дозволиме финансиски реперкусии врз фирмата. Од друга страна, јавноста е навреме информирана дека во април, при обновување на договорите со учесниците на пазарот, ставивме извршна клаузула која ќе избегне долги судски процедури со кои само ќе губиме време и нема да наплатиме средства, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на новата дигитална опрема во преносната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот