Мурињо пред сензационален кам-бек во Мадрид

По ремито пред своите гледачи со Ваљадолид (1:1), медиумите повторно упатија остри критики кон фудбалерите на Реал Мадрид и во прв ред кон тренерот Зинедин Зидан.

Тие сметаат дека Зидан повторно не ја контролира ситуацијата по враќањето на клупата, дека екипата игра лошо, а некои негови одлуки влијаат и на играта и на резултатите.

Затоа вториот мадридски весник „Марка“ кој никогаш не греши со информациите за Реал Мадрид, објави дека Зидан брзо ја губи довербата, и претседателот Флорентино Перез веќе има подготвено замена за Французинот.

Станува збор за Жозе Мурињо кој беше во игра за клупата на Реал Мадрид и пред пет месеци кога се врати Зидан, но тогаш ја немаше довербата од играчите и од поголем дел од акционерите на клубот. Сега состојбата е променета, голем дел од акционерите предводени од Перез го гледаат Мурињо како спасител на „кралскиот“ клуб, човек кој ќе може да ја смири атмосферата во соблекувалната но и да донесе ред и мир во играта на теренот.

Токму затоа Мурињо ги одбиваше сите понуди кои летово пристигнуваа на негова адреса. Според „Марка“ сега станува јасно зашто Перез не му ја исполни најголемата желба на Зидан, да го купи Пол Погба од Манчестер јунајтед , бидејќи Мурињо не го сака Французинот во екипа.

Зидан кој веќе се наоѓа на „тенок лед“ кај Перез, до крајот на преодниот рок инсистира да му биде ангажиран играч од средниот ред, но претседателот има поинакви планови, го сака Нејмар. Реал Мадрид во наредните три кола игра против Виљареал на гости, потоа го пречекува Леванте и во првот големо дерби и гостува на Севиља, а доколку продолжи со распродажбата на бодовите, тогаш Зидан многу брзо и по втор пат ќе на напушти клупата на „кралскиот“ клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот