Мурињо го прескокна Фергусон: Ниту еден тренер нема повеќе европски победи од Жозе!

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипата на Рома вчера славеше победа против Хелсинки од 2:1 во рамките од 5. коло во Лигата на Европа, а оваа победа најголемо значење имаше за тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.

За португалскиот стратег тоа беше 107 победа во европските натпреварувања и така го прескокна на вечната листа легендарниот Сер Алекс Фергусон. Сега Мурињо е тренерот со најмногу европски победи во историјата.

Пред доаѓањето во Рим, Мурињо во Европа победуваше со Порто, Челси, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите двапати се радуваше на трофејот, прво со Порто во 2004 година, а потоа со Интер и Горан Пандев во 2010.

Го освои Мурињо и второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа, тоа му успеа со Манчестер Јунајтед во 2017 година, додека лани со Рома триумфираше во првото издание на новоформираната Конференциска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот