МУ ЗЕМАЛЕ СЕ, ГОЛЕМ СРАМ: Холивудски актер ограбен во Белград за време на настап - Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЕспресоШоу биз

МУ ЗЕМАЛЕ СЕ, ГОЛЕМ СРАМ: Холивудски актер ограбен во Белград за време на настап

Во текот на претставата некој од гардеробата му ги украл сите пари, личните документи и мобилниот телефон.

Холивудскиот актер Џек Димиќ на 20 јуни првпат гостувал во Србија со монодрамата „Еј, животе“ и иако ја наполнил салата со публика, ова искуство нема да го памети по добро.

Во текот на претставата некој од гардеробата му ги украл сите пари, личните документи и мобилниот телефон. Актерот, кој оваа претстава ја одиграл и во Њујорк, Чикаго, Бостон и Лос Анџелес, бил крајно разочаран и иако планирал уште неколку репризи поради интересот на публиката, сега ништо од тоа нема да се случи.

Веднаш била повикана полиција, а актерот бил видно вознемирен што првпат настапува пред својот народ, но исто така првпат е и ограбен за време на настапот.

Полицијата и понатаму ги бара сторителите на ова дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close