Му го скршила срцето на најсуровиот човек на светот, Хитлер никогаш не дознал дека е Еврејка! (ФОТО)

адолф хитлер
Адолф Хитлер / Фото: Profimedia

Се верува дека нацистичкиот лидер никогаш не дознал која е религијата на жената во која се  вљубил на прв поглед.

Нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер се смета за еден од најсуровите луѓе на кои се сеќава историјата.

Хитлер и Ева Браун/Profimedia

Сепак, многу детали од неговиот живот сè уште не се познати, но некои факти излегоа на виделина по неговата смрт, како што е веста дека неговата прва љубов била Еврејка!

Како тинејџер, Хитлер живеел во Австрија. Таму ја забележал девојката Стефани Ајзак, висока, витка убавица со најубави очи, како што самиот Адолф ја опишал.

Цели четири години, идниот суров диктатор ги негувал најнежните чувства кон Стефани, но никогаш не застанал пред неа да и ја изјави својата љубов, иако постојат тврдења дека планирал да ја киднапира неколкупати. Секогаш се откажувал, од причини познати само нему. За него не постоела друга жена, иако таа љубов секогаш била платонска.

Август Кубизек, близок пријател на Адолф Хитлер од детството, ја напиша книгата „Младиот Хитлер што го знам“, во која го претставил она што го знаел за оваа љубов.

„Таа е многу убаво облечена, нејзиниот став покажува дека потекнува од добро и богато семејство. Нејзините очи се преубави“, му рекол Хитлер на својот пријател.

Wikipedia

Кубизек открил дека Стефани еднаш фрлила цвет кон Адолф и дека тоа било моментот на најголемата среќа што ја видел дотогаш кај младиот Хитлер, пишува Jewlicious.com .

Она што е најинтересно е дека Хитлер не знаел дека Стефани е Еврејка. Многумина веруваат дека во случај ако Стефани некогаш дознаела за неговата љубов и му ја возвратела, настаните што следеа, па дури и историјата на светот, би биле многу поинакви.

Од друга страна, постои можност Стефани да завршела како сопругата на Хитлер, Ева Браун.

Ева Браун/Profimedia

Како и да е, Стефани го преживеала масовното убивање на Евреите, затоа што пред Втората светска војна се омажила за виенски офицер и го зела презимето Рабач.

И после толку години, многумина се фасцинирани кога размислуваат за тоа како една млада убавица ги преживеала сите ужаси што го снашле нејзиниот народ без да знае дека нивниот џелат некогаш лудо ја сакал.

Хитлер и Ева Браун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот