Му ги покажа голите гради на играчот и доби забрана за на сите стадиони (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Играчите на Хјустон Астрос го запишаа третиот последователен триумф во Светската серија во големата американска професионална бејзбол лига и сега водат со 3:2 во победи против Вашингтон Националс.

Во петиот натпревар Астроси во Вашингтон славеа со 7:1. Патот до новата победа го обезбеди кубанскиот новајлија во тимот Јордан Алварез и порториканецот Карлос Кореа, кои во втората и четвртата измена овозможија водство од 4:0.

Натпреварот во Вашингтон го следеше и американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија, а публиката го „почасти“ неколкуминутни свирежи.

Но, интересно е тоа што една девојка го искористи овој голем спортски настан за да си ја испромовира својата професија. Ѕвездата од Инстаграм Јулија Роуз доби пет минути слава.

Таа заедно со пријателките му пречеа на фрлачот Герит Кол, а тоа се виде и во тв-пренесот кој го гледаше скоро цела Америка.

По натпреварот таа добила забрана за влез во сите МЛБ стадиони откако сама се открила на социјалните мрежи дека токму таа ги покажала голите гради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот