Му даваат лажна надеж на Шумахер, не постои таков третман

фото:Twitter/f1

Приказната околу здравствената состојба со Михаел Шумахер (50 години) сè уште претставува мистерија за голем дел од јавноста. Минатата недела, седумкратниот Формула 1 шампион беше итно примен во париската клиника „Жорж Помпиду“ поради терапија со матични клетки, и според една од медицинските сестри за „Ле Паризиен“ откри дека Шумахер се наоѓа во свесна состојба.

Но, Матилде Леонарди, една од водечките италијански невролози, смета дека шансите на Шумахер целосно да заздрави се минимални.

– Не постои експериментална терапија со матични клетки која би влијаела на состојбата на пациентите кои речиси постојано се наоѓаат во кома и од време на време се будат, како што е случајот со Михаел Шумахер – вели докторката Леонарди која е директор на истражувачкиот центар за Неврологија во Милано.

– Информацијата која дојде во јавноста за поранешниот возач Михаел Шумахер, дава само лажна надеж и ги залажува семејствата на пациентите. Нема научни податоци кои го потврдуваат постоењето и ефикасноста на наводниот третман. Науката не функционира на тој начин. Ние не работиме во тајност, туку ги делиме информациите. Науката ја сочинуваат проверени податоци – истакнува Леонарди.

Италијанската докторка не ја отфрла можноста да се работи за нов случај „Стамина“, контроверзен третман во Италија во кој беа обвинети 20-тина лица, кои тешко болните ги лечеле со матични клетки иако таква терапија не била одобрена од државата.

– Се уште ниту еден француски доктор не изјавил дека има лек за Шумахер или за сите останати пациенти кое се наоѓаат во идентична состојба. Случајот „Стамина“ ја оцрни италијанската медицина. Психологот Ванони не сакаше да го објави својот протокол, а јас среќавав луѓе кои ги продаваа своите домови за да можеа да ги го дозволат тој третман.

Се плашам дека истото ќе се случи и со фамозната терапија на Шумахер. Веќе примив два телефонски повици од роднини на двајца пациенти кои бараа нивните деца да добијат идентичен третман како и Шумахер. Им објаснував дека не знам ништо за постоење на таков третман и кога се шират вакви вести ние ризикуваме да ги измамиме пациентите и нивните најблиски – вели Леонарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот