МТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот закон за работни односи

Новиот закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи, и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот.

Ова е генреалното мислење на експертката мисија „TAIEX“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава. Мисијата посебно ја истакнаа важноста на процесот на подготовка на законот кој се одвива на транспартентен начин, со вклученост на социјалните партнери, стопанските комори, граѓанските организации, претставници од судовите и академската заедница.

Целта на експертската мисија, како инструмент на Европската комисија за техничка помош и размена на информации, беше обезбедување препораки за степенот на усогласеност на законот со правото на ЕУ. Мисијата беше спроведена под водство на експерти од Литванија, со активно учество на претставници на синдикати, претставници на работодавачи и стопанските комори.

Министерството за труд и социјална политика има за цел со новата законска рамка да ги унапреди работничките права, но истовремено да одговори на новите потреби на пазарот на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот