Мртов маж пронајден во подземен простор на здравствена установа во Скопје

фото: aрхива

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17 часот во СВР Скопје, 38-годишниот С.К. од Скопје пријавил дека во подземен простор на здравствена установа на булеварот „Втора македонска бригада“ во Скопје, пронашол починато лице.

Од екипа на Итна помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот