Моура: Ова е подарок од Бог

Лукас Моура ги постигна трите гола за Тотенхен, а тој во 96. минута го однесе неговиот тим во финалето на ЛШ и пресметка против Ливерпул за трофејот.

– Невозможо е да се објасни како се чувствувам. Многу сум среќен, а воедно сум и горд на соиграчите. Постојано верувавме дека ова не е неверојатна мисија, дадовме се од себе и мислам дека заслужено се пласиравме во финалето. Сите во Тотенхем сме како едно семејство, ова е поклон од Бог.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1126283230905348098

Иако во реваншот влегоа со негатива од 0:1 и губеа со 0:2 на полувремето, фудбалерите на Тотенхем најдоа сили и начин како да направат вистински пресврт.
– Фудбалот е неверојатна работа. Ни подарува моменти како што е овој. Мораме да уживаме во ова, сигурно е најдобриот момент во мојата кариера – поетнцира Моура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот