Мотоциклист повреди пешак

Вчера во 21:45 часот на влезот за с.Тркање, кочанско, мопед „априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т. (19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од с.Тркање, информираат од полиција.

– Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полиција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот