Мото ГП: Историски триумф на Биндер во Брно

фото: твитер/MotoGP

Австриската екипа на КТМ по три и пол години конечно дојде до првата победа откако историја испиша Бред Биндер. Јужноафриканецот во рамките од „кралската“ класа“ во мотоциклизам славеше на трката во Брно, Чешка.

Биндер е вториот мотоциклист со триумф во дебитантска сезона, после актуелниот шампион Марк Маркез во 2013 година.

Минатата година Биндер забележа осум победи и 15 подиуми во Мото2, а претходно беше светски шампион во Мото3.

Зад одличниот Јужноафриканецот се пласираше Франко Морбидели на Петронас Јамаха, додека на третата позиција се најде Жоан Зарко кој ја имаше пол позицијата.

Победникот на првите две трки сезонава, возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро со доста проблеми заврши на седмото место.

Но, Французинот останува лидер во генералниот пласман со 59 бодови, пред Маверик Вињалес со 42. Следната четврта трка по ред ќе се вози на 16 август за Голената награда на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот