Москва најавува реципроцитет на санкциите на САД и на ЕУ: Наскоро ќе ги развеселиме Американците

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска најави руска „црна листа“ како одговор на санкциите од ЕУ и САД за случајот со Алексиј Навални.

Агенцијата ТАСС пренесува дека за време на гостување на политичката емисија на ТВ Канал1, таа истакна дека Русија соодветно ќе одговори на санкциите на САД и дека соодветната „црна листа“ е во подготовка.

– Во рамки на таквото американско однесување и начинот што своите листи ги објавија наеднаш, мислам дека наскоро ќе ги развеселиме, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, пак, Дмитриј Песков претходно соопшти дена најновите санкции на САД и ЕУ против руски поединци и организации по случајот Навални, се интервенција во внаттрешните работи на Русија и дека се неприфатливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот