Москва и Минск потпишаа договор за условите за испорака на руска нафта

– Станува збор за два протоколи во меѓувладиниот договор во врска со изградбата на белоруската нуклеарна електрана, а посебно е потпишан договор за снабдување со енергетски ресурси, конкретно испорака на нафта во Белорусија, истакна Головченко.

Претставниците на Москва и Минск го потпишаа договорот со условите за испорака на руска нафта за Белорусија. Белорускиот премиер Роман Головченко изјави дека овој договор доаѓа по неговите преговорите со претседателот на руската Влада, Михаил Мушистин.

– Денеска се потпишани три меѓународни документи. Станува збор за два протоколи во меѓувладиниот договор во врска со изградбата на белоруската нуклеарна електрана, а посебно е потпишан договор за снабдување со енергетски ресурси, конкретно испорака на нафта во Белорусија, истакна Головченко.

Белорускиот премиер не изнесе детали за договорот, но посочи дека станува збор за трговија, како и дека станува збор повеќе за технички договор со кој се управуваат уплатите за енергетските ресурси, пренесува Тасс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот