Момче од Орешани уценувал познаничка со компромитирачки фотографии

Фото: Profimedia

Против уценувачот ОЈО поднесе обвинителен акт за кривично дело уцена. 

Дваесет и двегодишен жител на скопското село Орешани се спаси од притвор, откако Основното јавно обвинителство го обвини за кривично дело уцена.

Според ОЈО, со намера да заработи пари уценувал 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, односно јавно ќе објави компромитирачки фотографии кои ќе и наштетат на нејзината чест или углед.  Од жртвата тој побарал и добил 200 евра.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со оштетената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот