Моќна порака на Роналдо: Сонувавте да играте за милиони, сега е вашата шанса…

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, тврди дека во овие тешки времиња за целиот свет многу „обични“ луѓе можат да се покажат во добро светло така што ќе ги послушаат советите на лекарите и ќе останат во своите домови.

Светот е „заробен“ во изолација поради пандемијата на коронавирусот, а Роналдо од родната Мадеира преку социјалните мрежи се приклучи во борбата против несовесните лица кои не ги слушаат советите на лекарите и не се во самоизолација.

– Доколку некогаш сте сонувале да играте за милиони луѓе низ целиот свет, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за целиот свет – напиша Роналдо кој има дури 200 милиони следбеници само на Инстаграм и без сомение неговата порака ќе допре до голем број фанови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот