Моќта на ракијата е неверојатна: Решава одредени проблеми подобро од кој било лек

Фото: Unsplash

Кај нашиот народ отсекогаш постоело верување дека ракијата е многу лековита и дека неколку чаши од овој жесток пијалак позитивно влијаат на здравјето, што го потврдија и некои медицински истражувања.

Сливова и лоза се најпознатите ракии, а како што кажува самото име, се прават од сливи и винова лоза. Со оглед на високиот процент на алкохол во ракијата, со нејзиното консумирање, сепак, мора да бидеме внимателни, но малата и навремена количина ракија брзо ќе помогне кај одредени здравствени проблеми.

Во продолжение ви пренесуваме листа на здравствени проблеми кои нашите предци со децении успешно ги лекувале со ракија.

Болки во стомакот

Сте изеле тежок и мрсен оброк што ви предизвикал болка во желудник? Прст-два сливова или лозова ракија веднаш ќе го смири.

Забоболка

Држете голтка ракија на болниот заб десет секунди, промешајте и потоа плукнете ја.

Повторете уште два-три пати со мало растојание за ракијата премногу да не ги иритира  непцата.

Воспалено грло

Ако се работи за болки во грлото, односно воспаление на грлото предизвикано од бактериска инфекција, ракијата со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Исто така, ќе ви помогне и топол билен чај со неколку лажички ракија.

Болка во грбот

Со малку ракија нежно масирајте на местото на болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа.

За оваа намена особено се препорачува комова, но ќе делуваат и други ракии.

Вкочанет врат

Како и вкочанетиот грб, вкочанетиот врат, исто така, можете да го санирате со ракија на истиот начин.

Болка кај ревматски заболувања

Кај заболените од артритис, масажата со ракија често се користи како средство за ублажување на болките во зглобовите.

Отоци

Докажано е дека ракијата ја лади кожата, па добро делува на отоци. Со ракија можете да го измасирате отеченото место или на истото да ставите облога.

Имајте на ум дека ракијата веќе по неколку минути може да ја иритира кожата, па затоа кратко држете ги облогите на отечениот дел од телото.

Слаба циркулација

Нашите баби и дедовци често по будењето, со чашка ракија ја започнувале забавената утринска циркулација.

Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот