Mоќни антиоксиданти за подобар имунитет

Фото: Промо

Во времето во кое живееме, за жал, секојдневно сме изложени на стрес, што заедно со генетските и другите надворешни фактори влијае на нашето тело. На сите ни недостасува време, организација, а понекогаш и желба за промени. Дополнително, со стареењето доаѓа до намалување на производство на енергија која е неопходна за живот. Енергија се создава во телото, во процес на оксидација.

За време на создавањето на енергија, доаѓа до формирање на слободни радикали, кои се нестабилни молекули и влегуваат во хемиски реакции со деловите од клетките, што доведува до структурни, биохемиски и функционални нарушувања, но тие исто така имаат значајни функции во телото.

Сепак, понекогаш доаѓа до создавање прекумерна количина на слободни радикали и неможност антиоксидантните механизми на човечкиот организам да ги неутрализираат. Оваа состојба се нарекува оксидативен стрес. Научно е докажано дека оксидативниот стрес доведува до трајно оштетување на делови од клетките, што предизвикува разни хронични заболувања (срцеви, респираторни, невродегенеративни, локомоторни заболувања) и тумори.

ШТО Е ГЕ132?

GE132 е силен антиоксиданс, препарат кој има позитивен ефект врз човечкиот имунолошки систем и ги зајакнува неговите сопствени одбранбени механизми, со што се подобрува здравјето. Одлична превенција од кардиоваскуларни заболувања, алергии, стрес, автоимуни и малигни заболувања на разни органи. Ова е сосема природен препарат и неговите компоненти се: екстракт од печурка Реиши (Ganoderma lucidum), екстракт од зелен чај и екстракт од шипинка, матичен млеч, протеински комплекс од ајкули и ресвератрол.

Фото: Промо

„Ganoderma lucidum“ е габа со исклучителен квалитет. Нејзините активни принципи се: органски Германиум, полисахариди, бета глукани и селен. Германиумот е имуностимулатор и преносувач на кислород и затоа се користи и за вирусни и за бактериски инфекции, особено во период на здравствена – корона криза. Во традиционалната кинеска медицина, „Ganoderma lucidum“ се користи повеќе од 4.000 години. Од неа се подготвуваат чаеви, тинктури и разни лековити препарати. Кај нас е попознат како Реиши. Оваа габа расте на трупци или паднати дабови дрвја. Постојат 6 видови на оваа габа кои се разликуваат по бојата на капачето. Бројни студии го докажуваат терапевтскиот потенцијал на оваа габа. Реиши со право се нарекува кралски лек.

Зелениот чај е богат со витамини и минерали. Активниот принцип се полифенолите кои го подобруваат здравјето со намалување на ресорпцијата на мастите и јаглехидратите и поттикнуваат детоксикација. Зелениот чај е одличен додаток во исхраната. Шипинката пак, е богата со витамините Ц и К, каротеноиди, ликопен и бета каротен. Се користи во третманот на настинки, вирусни инфекции и грип. Матичниот млеч е производ од пчелите. Тоа е густа непроѕирна маса, со карактеристичен вкус и комплексен состав. Употребата на матичен млеч ги обновува клетките на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, помага при намалување на вознемиреност, го враќа мирниот сон, помага при сенилност, Паркинсонов синдром. Докажано е дека матичниот млеч го нормализира крвниот притисок. Одличен е за третман на склеротични и менопаузални процеси. Матичниот млеч ги неутрализира ефектите од зрачењето и разните видови на зрачење на кои сме изложени секој ден. Познато е и неговото антиинфективно својство врз женските и машките полови органи.

Ресвератрол се наоѓа во грозје, вино, сок од грозје и бобинки. Го штити срцето и крвните садови, го намалува холестеролот, има антиинфламаторно дејство, го забавува процесот на стареење. Ресвератролот има антимикробна активност и игра важна улога во борбата против вишокот килограми и дијабетес тип 2.

‘Рскавицата од ајкула пак, е богат извор на хондроитин сулфат. Учествува во превенција на болести на зглобовите, ревматоиден артритис и остеоартритис кај младите и старите лица.

GE132 + natural содржи и екстракт од брокула и екстракт од домати (ликопен). Употреба: 1 капсула дневно, пред појадок. Одличен избор за заштита на клетките од оксидативен стрес! ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот