Многумина мислат дека носењето на маската под носот е неправилно, но еве во кои ситуации е потребно

Фото: Профимедиа

Заради високите температури во јули јасно е дека на сите им е се потешко да се придржуваат на мерките и да носат маски, но повеќе пати е објаснето дека сме побезбедни кога ги имаме на лице.

Професорот д-р Горан Белојевиќ од Медицинскиот факултет во Белград покажал како треба да се носи маската, без разлика дали е за еднократна употреба или за повеќе пати, покажувајќи дека никако не би требале да ја тргнеме од лицето, но дека може да биде и „под нос“.

Но, кога е тоа дозволено?

– Основната логика е да се носи само ако се доближувате на луѓе. Секој контакт е ризичен. Утринава тргнав надвор со автомобил, но ја носев спуштена под нос, значи може и така. Затоа што устата не служи за дишење, туку носот, на него дишеме, вели Белојевиќ.

Тој објасни дека така нема да дојде до губење на здивот, но дека треба да се врати преку носот кога сме во контакт со луѓе или сме во затворен простор.

– Кога сум во контакт со луѓе, ја носам преку устата и носот. Никако не треба да се носи маската во раце, нагласи Белојевиќ и рекол дека се препорачуваат маски за повеќекратно користење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот