Многу домаќинки направиле грешка: Откриваме дали треба да ги лупите печурките

Фото: Unsplash

Ако некоја намирница може да промени толку улоги во јадењата и повторно да заведе со својот вкус, тогаш тоа се шампињоните. Можете да ги додадете во сосови, да ги ставите на пица, да ги подготвите во варива, со ориз или со месо.

Приготвувањето на јадења со печурки не е тешко, бидејќи печурките генерално не одземаат многу време за варење или пржење. Многу готвачи препорачуваат печурките да се излупат, но дали печурките треба да се излупат и зошто постои такво верување.

Чистењето печурки треба да биде особено внимателно, бидејќи тие се нежни и со лесно ранлива површина. Експертите препорачуваат печурките да не се мијат, бидејќи имаат способност да апсорбираат вода, што го нарушува нивниот вкус и го продолжува времето за готвење. Најдобро е внимателно да ги исчистите печурките со мека четка, сув сунѓер или со кујнска крпа. До неодамна се мислеше дека печурките треба да се излупат, бидејќи нивната нежна кожа може негативно да влијае на луѓето кои страдаат од хроничен гастритис или колитис, но таквата врска не е докажана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот