Младо момче починало на фестивалот Егзит во Нови Сад

Синоќа за време на фестивалот Егзит во Нови Сад во Србија починало едно момче од Грција, информираат локалните медиуми .

Според информациите, обезбедувањето на фестивалот забележало дека на еден од посетителите му се слошило на Петроварадинската тврдина, по што му била пружена медицинска помош.

Организатотиле навеле дека постои сомнеж дека смртта настанала како последица од користење наркотици.

„Други посетители, исто така државјани на Грција кои се затекнале на самото место, во изјавите дадени во Полициската управа на Нови Сад навеле дека починатиот консумирал поголемо количество наркотици тој ден, како и дека боледува од хронична болест“, наведуваат организаторите во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот